Касемиро: Реал силно сака да ја освои титулата


Касемиро: Реал силно сака да ја освои титулата - МИА

Мадрид, 29 јуни 2020 () – Јунакот на Реал Мадрид во синоќашната победа на гостувањето кај Еспањол (1:0), Касемиро му се заблагодари за асистенцијата на Бензема и порача дека неговиот тим силно го посакува трофејот во Ла Лига.


 

Бразилецот постигна гол откако по додавање со петицата од страна на Карим Бензема.

– Овој гол му припаѓа на Карим. Ние сме навикнати на нивото на кое тој игра. Морав да славам со него, бидејќи тоа е негова заслуга. Ги знаеме неговите способности и затоа ја добив топката – знаев дека може да ме најде, изјави Касемиро.

Ние сме фокусирани на самите нас. Средбата со Еспањол за нас веќе е во минатото. Сега размислуваме за Хетафе. Намерата ни е да победиме на секој натпревар. Имаме долг пат, но знаеме дека секоја средба е со тежина на финале. Ние сакаме да ја освоиме оваа лига, додаде бразилскиот фудбалер.