Кармело Ентони: Не ми се допаѓаат споредбите меѓу Леброн и Џордан


Кармело Ентони: Не ми се допаѓаат споредбите меѓу Леброн и Џордан - МИА

Портланд, 29 мај 2020 () – Кошаркарот на Портланд, Кармело Ентони изјави дека не ги сака споредбите помеѓу Леброн Џејмс и Мајкл Џордан.

– Не ми се допаѓа сето ова. И ова го велам затоа што не го цениме она што се случува пред нашите очи. Секој пат кога ќе ги споредите старата школа и новата школа, се прашувам,  зошто не можеме само да го цениме она што секој дава допринос за развојот на оваа игра?

Разбирливо е дека Мајкл е најголемиот играч во историјата. Сите го знаеме тоа. Зошто да не го кажеме ова, но во исто време да искажеме благодарност до Леброн додека тој е тука? Зошто да не речеме: МЈ беше одличен, Леброн беше одличен, Коби исто така одличен? Ние треба сега да зборуваме гласно затоа што ова е наше, изјави Ентони.

Во последно време, по документарецот „Последниот танц“ за Чикаго Булс во ерата на Џордан, зачестија дилемите во јавноста дали Мајкл е подобар од Леброн. зс/


Нови 173 случаи со Ковид-19, починати 15, оздравени 150 пациенти - МИА
Вести

Нови 173 случаи со Ковид-19, починати 15, оздравени 150 пациенти

Скопје, 2 јули 2020 () – Во последните 24 часа се направени 1.653 тестирања, а регистрирани се 173 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-75, Куманово-9, Дебар-6, Штип-8, Прилеп-6, Тетово-9, Струга-14, Велес-3, Охрид-10, Кавадарци-3, Гостивар-7, Гевгелија-2, […]

ИЗБОРИ 2020: МИА ќе ги претстави програмите на учесниците на Предвремените парламентарни избори - МИА
Вести

ДИК со измени на Упатството за набљудување на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) на денешното продолжение на вчера започната седница, донесе одлука за усвојување на изменето Упатство за набљудување на изборите, а беа избрани и неколку членови на Општински изборни комисии кои поради одредени […]

Умерен оптимизам кај научниците од Оксфорд за вакцината против Ковид-19 - МИА
Вести

Повеќе оздравени од дијагностицирани вчера, обновен сообраќајот на двата аеродрома

Скопје, 2 јули 2020 () – Нови 120 потврдени со КОВИД-19 од 954 тестирања, од кои над половината (64) се од Скопје, а 14 од Тетово. Останатите заразени со вирусот од вчерашниот билтен на Министерството […]