Фудбалскиот клуб АП Брера објави дека спогодбено се разделил со капитенот Марио Врдољак.
Врдољак на почетокот на сезоната пристигна во Струмица, одигра 16 првенствени натпревари, постигна еден гол и забележа две асистенции.
„Му се заблагодаруваме на Марио Врдољак што беше во нашиот тим, за професионалниот однос и неговиот придонес во играта на Брера. Му посакуваме многу среќа и упсеси во понатамошната кариера“, објави клубот.
АП Брера првиот дел од сезоната го заврши на осмата позиција на табелата со 20 бодови.