Каљари сака да го врати Наинголан


Каљари сака да го врати Наинголан - МИА

Каљари, 19 септември 2020 () – Каљари сака да го врати во своите редови играчот за врска на Интер, Раџа Наинголан, објави инсајдерот Николо Скира на Твитер.


 

Наинголан играше за Каљари во сезоната 2019/20 на позајмица. Играчот од средниот ред има одиграно 29 натпревари на сите турнири за „црвено-сините“ постигна шест погодоци и седум асистенции.

На крајот на минатата сезона, Сардинците ја објавија својата желба да го задржат Белгиецот, но не можеа да го откупат неговиот договор.