Кајехон е сигурен за Валенсија


Кајехон е сигурен за Валенсија - МИА

Неапол, 7 јуни 2020 () – Ветеранот Хозе Кајехон конечно ја отфрли понудата на Наполи за нов договор и ќе се пресели во Валенсија. 33-годишниот Шпанец ќе стане слободен агент на крајот на сезоната.

Тренерот на Наполи, Џенаро Гатузо се надеваше дека ќе го задржи во тимот, но крилниот играч сака да се врати во татковината.

Севиља се обиде да го искуши Кејхон со зделка, но тој веќе ветил дека ќе потпише со Валенсија.

Поранешниот играч на Реал Мадрид пристигна во Наполи во 2013 година, запиша 336 натпревари и постигна 80 гола.

Оваа сезона, сепак, тој ја грее клупата и ова го натера да одлучи да го напушти „Сан Паоло“.


ДКСК отвора предмет за паричната помош за здруженијата и фондациите за справување со кризата од коронавирусот - МИА
Вести

ДКСК отвора предмет за паричната помош за здруженијата и фондациите за справување со кризата од коронавирусот

Скопје, 10 јули 2020 () – Државната кмоисија за спречување корупција на денешната седница одлучи да отвори предмет за владината парична помош на здруженијата и фондациите како дел од мерките за справување со кризата од […]

Вести

Новозаболени 205 лица од Ковид, починати шестмина, 336 оздравени

– Највисоки бројки на новозаболени регистрира денеска Министерството за здравство. Во последните 24 часа евидентирани се 205 нови случаи од кои повторно најмногу во Скопје. Оздравени се 336 пациенти, а починати се шест пациенти. Тројца починати […]

Можно е преземање мерки на границите за соседите при влез во државата - МИА
Вести

Владата изработи насоки за влез и транзит низ земјава за државјани на Србија, Косово, Црна Гора и БиХ

Скопје, 10 јули 2020 () – Владата на предлог на Министерството за внатрешни работи во соработка со министерствата за здравство и за надворешни работи изработи насоки за начинот на транзит и на регулиран привремен или […]