Каевски организираше прием за пливачот Стојановски

Скопје, 27 јуни 2018  – Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски денес организираше прием за пливачот Андреј Стојановски, кој ќе земе учество на претстојното, 12. по ред Европско првенство во пливање за глувонеми, информира АМС.

Каевски му посака успешни настапи на единствениот македонски натпреварувач и достојно претставување на Македонија на овој шампионат и му порача дека АМС и во иднина ќе му дава поддршка за меѓународни натпреварувања.

Првенството ќе се одржи од 2 до 7 јули во Лублин, Полска.

Стојановски ќе настапи на 200, 400 и 1500 метри слободен стил, 200 и 400 метри мешано, како и на 200 метри градно.

На средбата во АМС присуствуваа и претседателот на НСФГМ Тихо Русовски, координаторот за спорт во федерацијата Никола Стојаноски, како и сопатникот на Андреј за Полска, тренерот Методија Ангелески.


Вести

Европски избори: Различни правила од земја до земја

Секоја држава членка на Европската унија сама ги одредува правилата за изборите за Европскиот парламент. Кој кога гласа ? Британците и Холанѓаните гласаат во четврток на 23 мај, Ирците на 24 мај, Летонците, Малтежаните и […]

Вести

Нови рочишта за „Триста“, „Титаник“ и „Тарифа“ на СЈО

Во Кривичниот суд во Скопје за денеска се закажани рочишта за предметите на Специјалното јавно обвинителство „Триста“, „Титаник“ и „Тарифа“. Во „Триста“ обвинет е поранешниот помошник министер за внатрешни работи Ѓоко Поповски за злоупотреба на […]

Вести

Пробни прелети за потребите на НАТО мисијата „Air Policing“

Со два прелета во воздушниот простор на Република Северна Македонија изутринава од 7:30 до 9:30 часот ќе се изврши првиот пробен прелет за потребите на НАТО мисијата „Air Policing“ (чување на воздушниот простор). Прелетот ќе […]