Јувентус активно работи на селекцијата


Јувентус активно работи на селекцијата - МИА

Торино, 6 јуни 2020 () – Во Јувентус не престануваат да работат на летната селекција, преговарајќи на неколку фронта. Италијанскиот шампион започна офанзива за привлекување на талентот на Лион, Усем Ауар. Според „Кориере дело Спорт“, Торино е преферирана дестинација за играчот, и покрај интересот на Манчестер Сити и Пари Сен Жермен.

Понудата на Јувентус е за двегодишен закуп и трансфер во 2022 година. „Бијаконерите“ бараат секакви опции за да направат силен избор без да дадат многу пари ова лето, поради финансиската состојба предизвикана од кризата со коронавирусот.

До неодамна, Лион го проценуваше Ауар на 70 милиони евра, но под новите услови неговата цена падна на 50 милиони.

Според „Ла Стампа“, Јувентус постигнал договор со Верона за дефанзивецот Мараш Кумбула и ќе плати 32 милиони евра за него. 20-годишниот Албанец импресионираше со своите настапи оваа сезона и го разбуди интересот на Манчестер Јунајтед, Челси, Арсенал, Интер, Наполи и Лацио.

Друг договор за кој „бјанконерите“ преговараат е со Рома. Јуве ќе го купи Роландо Мандрагора од Удинезе за 26 милиони евра и ќе им го понуди на Римјаните во замена за Брајан Кристанте.


Вести

Деркоски: Граѓаните масовно да гласаат и да не се плашат за своето здравје

 – Ги повикувам граѓаните масовно да излезат на гласање, да не се плашат за своето здравје затоа што ние се погриживме да ги снабдиме сите избирачки одбори со заштитен материјал, а деновиве се врши и дезинфекција […]

За гласање пријавени 697 позитивни на Ковид-19 и лица во самоизолација и 9020 немоќни и хронично болни - МИА
Вести

Уште три дена предизборна кампања, и „Можеме“ и „Обнова“ ветуваат дека по 15 јули доаѓаат најдобрите четири години

Скопје, 10 јули 2020 () – Предизборната кампања завршува на 12 јули во 24 часот кога и официјално почнува предизборниот молк, а дотогаш политичките партии и ко на средби со граѓаните се обидуваат да им […]

КОВИД-пандемијата не стивнува, болничките капацитети доволни за прием на пациенти - МИА
Вести

КОВИД-пандемијата не стивнува, болничките капацитети доволни за прием на пациенти

Скопје, 10 јули 2020 () – Тројца починати и нови 168 регистрирани случаи, беше вчераниот КОВИД биланс во земјава. Пандемијата не стивнува, надлежните уверуваат дека болниците имаат доволно капацитет за да ги примат пациентите. Досега […]