Јунајтед го договори Санчо, тврдат во Англија


Позициите на Јунајтед и Дортмунд за Санчо се приближуваат - МИА

Манчестер, 1 август 2020 () – Раководствата на Манчестер Јунајтед и Борусија (Дортмунд) постигнаа договор за правата на Џејден Саннчо, тврди „Индипендент“. „Жолто-црните“ се согласија да го намалат првичниот износ за трансфер на англискиот репрезентативец и да се потпрат на повисок процент на бонуси во иднина.

Првично, германскиот тим инсистираше на 100 милиони фунти. „Црвените ѓаволи“ успеаја да ја достигнат тврдата транша од 60 милиони фунти. Сепак, на него ќе бидат додадени мултимилионски бонуси. Некои од нив ќе бидат лесни за спроведување, а други – не толку многу. На крајот на краиштата, ако сите бонуси се активираат истовремено, сумата може да ги надмине споменатите 100 милиони фунти.

Германскиот клуб сака да го реши проблемот со својот офанзивен играч до 10 август, кога тимот продолжува со тренинзите за претстојната нова сезона. Санчо постигна 17 голови и 17 асистенции на 32 натпревари во Бундеслигата оваа сезона. Во 2017 година, Борусија го купи од Манчестер Сити за 7 милиони фунти.


Над девет милиони во светот оздравени од Ковид-19 - МИА
Вести

Нови 155 случаи со Ковид-19, двајца починати, оздравени 127 пациенти

Скопје, 7 јули 2020 () – Во последните 24 часа се направени 1 845 тестирања и се регистрирани 155 нови случаи на Ковид-19. Починале две лица, а оздравеле 127 пациенти, соопшти попладнево Министерството за здравство. Од […]

ССМ: Социјалниот дијалог дава резултати, потребата од Синдикатот и колективните договори се потврдува во најтешките моменти - МИА
Бизнис

ССМ: Одлуката за поскапување на струјата е избрзана

Скопје, 7 август 2020 () – Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) смета дека одлуката за зголемување на цената на струјата е избрзана и зголемување ќе падне на товар на граѓаните. – Сојузот на синдикатите […]

Ивановска за МИА: Законот во ниту еден случај, ниту во вонредна состојба не ги ослободува од одговорност лицата кои ја злоупотребиле позицијата - МИА
Вести

Ивановска: Ќе бараме од новите пратеници да донесат Закон за потекло на имотот

– Не секогаш оној кој се стекнува со имот, го става имотот на свое име. Ќе бараме од новите пратеници да донесат Закон за потекло на имотот, изјави претседателката на Државната комисија за спречување на […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*