Јовиќ: Се надевам дека ќе го напуштам Реал ако не добијам повеќе шанси


Милан подготвен да му понуди на Реал Мадрид 35 милиони евра плус бонуси за Јовиќ - МИА

Мадрид, 20 декември 2020 () – Напаѓачот на Реал Мадрид, Лука Јовиќ зборуваше за изгледите да игра за „кралскиот клуб“ во иднина.


 

– Кога напаѓачот нема самодоверба, тој не успева. Да видиме, ако немам повеќе шанси да се докажам, тогаш се надевам дека ќе го сменам тимот, изјави Јовиќ.

Оваа сезона во шпанската Ла Лига, Јовиќ играше за Реал Мадрид на четири натпревари, без да постигне погодок.