Изов: Франција е апсолутен фаворит, ние ќе се обидеме достојно да се спротивставиме



Македонските фудбалерки во ослабен состав на дуелот со Франција - МИА

Скопје, 16 септември 2020 () – Селекторот на македонската женска фудбалска репрезентација, Кирил Изов се соочува со доста проблеми во пресрет на натпреварот со Франција.

Имаме навистина големи проблеми со играчкиот кадар за овој натпревар. Покрај отсуството на Наташа Андонова и Гентјана Рочи, не можеме да сметаме ниту на Романа Трајковска и Маја Ангеловска. Поради здравствената ситуација предизвикана од Ковид-19, двете не можат да допатуваат од Швајцарија и Словенија. Маријана Нацева има скршеница на рамото и исто така е надвор од составот. Франција е апсолутен фаворит. Ние ќе се обидеме достојно да се спротивставиме и покрај отсуството на неколку важни фудбалерки за нас, изјави селекторот на македонската женска репрезентација, Кирил Изов.

Собирот на женската репрезентација е закажан на 18 септември во хотел „Парк“ во Скопје. Предвидени се пет тренинзи до натпреварот со Франција.

Натпреварот е закажан за 22 септември на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.


Вести

Прв академски час на факултетите

– За новата генерација студенти, факултетите денеска традиционално ќе одржат прв академски час, кој поради пандемијата ќе се организира на отворено или онлајн. Ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Никола Јанкуловски новите бруцоши ќе […]

Вести

Почнува учебната година за учениците и студентите

– Одложено за учениците и редовно за студентите почнува учебната 2020/2021 година која е со многу неизвесности поради непредвидливост со заразата од КОВИД-19. Училишната година денеска треба да ја почнат 270 000 средношколци и основци, […]

Вести

Неизвесно потврдувањето на одлуките за вонредна состојба во Собранието

– Останува неизвесно дали Собранието ќе ги потврди петте одлуки за прогласување на вонредна состојба што ги донесе претседателот на државата Стево Пендаровски поради пандемијата со КОВИД-19, откако вчера Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ најави дека […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*