Италијанецот Алесио Очипинти во машка конкуренција и Французинката Каролин Жуис кај дамите поставија нови рекорди на Охридскиот пливачки маратон. Очипинти патеката „Климе Савин“ од Свети Наум до Охрид ја мина за рекордно време од 4:53.14 часа, додека Жуис постави рекорд во женска конкуренција со 5:05.59 часа.
Очипинти беше лидер во текот на целата трка и не дозволи никакво изненадување.
Аргентинецот Матијас Дијаз заврши како второпласиран, додека третото место му припадна на уште еден Италијанец, Марко Инглима.
Евгениј Поп Ацев пристигна на целта како четврти со време од 5:08.32 часа.
Кај дамите, прва заврши Каролин Жуис од Франција, второпласирана беше Туна Ердоган од Турција а на третата позиција заврши Ерика Јенсен од Аргентина.