Италија домаќин за завршниот турнир во ЛН




 

На завршниот турнир во Лигата на нации пласман изборија Италија, Белгија, Франција и Шпанија.

УЕФА објави дека турнирот ќе се игра од 6. до 10.октомври наредната година. На 6. и 7.октомври ќе се одиграат полу-финалните натпревари, а финелето на програмата ќе биде на 10.октомври.

Сите натпревари ќе се играат во една држава. Првиот турнир, во 2019 година се одржа во Португалија, заврши со триумф на домашната селекција.

УЕФА, на два кола до крајот, им понудила на репрезентациите од Групата 1: Италија, Полска, Холандија, да го организирата турнирот. Бидејќи Италија ја освои оваа група, логично е турнирот да се одржи таму.

Инаку ждрепката за завршниот турнир во Лигата на нации ќе биде извршена на 3.декември.