Интер ќе се обиде да го ангажира Меси во 2021 година


Поранешен директор на Интер: Лео не сакаше да ја напушти Барса, парите не се секогаш на прво место - МИА

Милано, 25 јули 2020 () – Калчолигашот Интер ќе се обиде да потпише договор со напаѓачот на Барселона, Лионел Меси, тврди „Спорт Медиасет“.


 

Договорот на напаѓачот со Каталонците истекува во летото 2021 година, па клубот од Милано очекува да го добие бесплатно.

Во исто време, платата на Меси во Интер ќе изнесува околу 50 милиони евра годишно. Клубот се надева дека Аргентинецот ќе помогне при привлекување нови спонзори и зголемување на медиумското покривање.

Меси целата кариера ја помина во Барселона, а медиумите во последно време шпекулираат дека Интер е главен фаворит во борбата за играчот.

Во сезоната 2019/20, Меси стана најдобар стрелец и асистент во шпанската Ла Лига со 25 голови и 21 асистенција на 33 натпревари.