Инфантино: Не ме интересира европската Суперлига


Цирих, 22 окотмври 2020 () – Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино изјави дека не е заинтересиран за европската Суперлига, по информациите дека елитните фудбалски клубови сакаат да ја напуштат Лигата на шампионите и да воспостават ново натпреварување, со поддршка на Светската куќа на фудбалот.

Во интервју објавено во германски „Аргауер Цајтунг“, Инфантино изјави дека ФИФА е насочена кон успехот на Светското клупско првенство во нов формат, во кој 24 екипи ќе учествуваат во Кина од 2022 година.

– Како претседател на ФИФА, ме интересира Светското клупско првенство, а не Суперлигата. За мене ова не е натпревар помеѓу Баерн Минхен и Ливерпул, туку Баерн против Бока јуниорс, изјави Инфантино.

Тој објасни зошто се противи на формирањето на Суперлигата.

– Ливерпул има 180 милиони навивачи ширум светот. Фламенго има 40 милиони фанови, од кои 39 се во Бразил. Ливерпул може да има пет милиони навивачи во Англија и 175 милиони во светот. Сакам клубовите надвор од Европа да бидат привлечни на глобално ниво во иднина. Тоа е мојата визија, да има 50 клубови и 50 репрезентации кои би можеле да станат светски шампиони, додаде тој.

Британските медиуми неодамна објавија дека Манчестер Јунајтед и Ливерпул веќе дале согласност за учество во Европската Супер лига и дека Реал Мадрид е близу до потврден одговор.

Како што тогаш соопшти „Скај“, повеќе од 12 клуба од Англија, Германија, Шпанија, Италија и Франција преговараат да бидат основачи на ново натпреварување, кое може да започне во 2022 година.

 


Штрајк на вработени во „Амазон“ во Германија - МИА
Вести

Тридневен штрајк на вработените во „Амазон“ во Германија

Околу 2.500 работници на „Амазон“ во Германија почнаа тридневен штрајк денеска, временски закажан за да ја нарушат продажбата за време на „црниот петок“. Штрајкот, повикан од моќниот синдикат Верди, треба да трае до сабота и […]

Вести

Собранието ја избра Добрила Кацарска за судија на Уставниот суд

Собранието на Република Северна Македонија попладнево на продолжение  на 20. седница со 61 глас „за“ ја избра Добрила Кацарска за судија на Уставниот суд. Претресот за предлогот Кацарска да биде избрана за  судија на Уставениот […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*