Имобиле е новиот добитник на „Златната копачка“


Имобиле: Сè уште сонуваме за титулата во Италија - МИА

Рим, 1 август 2020 () – Напаѓачот на Лацио, Чиро Имобиле, може да се чувствува како сигурен носител на „Златната копачка“ за стрелец број еден на Европа. Ова се случува круг пред крајот на Серија „А“. Причината е што неговиот голем конкурент за наградата во Италија – Кристијано Роналдо, беше отстранет од групата за денешниот натпревар на Јувентус со Рома.

Предноста на италијанскиот стрелец над Португалецот сепак беше доста солидна – четири гола. Имобиле има 35 гола, Кристијано има 31, а следен во пласманот во Италија е Ромелу Лукаку со 23. Во пласманот за „Златната копачка“, Чиро е пред Роберт Левандовски од Баерн (Минхен), кој во германскиот шампион постигна 34. На табелата Имобиле собира 70 бода, а полскиот стрелец 68.

Левандовски е оштетен оваа трка со оглед на тоа што има 34 кола во Бундеслигата, четири помалку од другите врвни лиги во Европа. Вечерва, русокосиот фудбалер може да го зголеми својот резултат во последниот натпревар на „орлите“ – против Наполи.

Од 2010 година, само Луис Суарез ја сруши хегемонијата на Лионел Меси и Кристијано Роналдо во борбата за „Златната копачка“.


Над девет милиони во светот оздравени од Ковид-19 - МИА
Вести

Нови 155 случаи со Ковид-19, двајца починати, оздравени 127 пациенти

Скопје, 7 јули 2020 () – Во последните 24 часа се направени 1 845 тестирања и се регистрирани 155 нови случаи на Ковид-19. Починале две лица, а оздравеле 127 пациенти, соопшти попладнево Министерството за здравство. Од […]

ССМ: Социјалниот дијалог дава резултати, потребата од Синдикатот и колективните договори се потврдува во најтешките моменти - МИА
Бизнис

ССМ: Одлуката за поскапување на струјата е избрзана

Скопје, 7 август 2020 () – Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) смета дека одлуката за зголемување на цената на струјата е избрзана и зголемување ќе падне на товар на граѓаните. – Сојузот на синдикатите […]

Ивановска за МИА: Законот во ниту еден случај, ниту во вонредна состојба не ги ослободува од одговорност лицата кои ја злоупотребиле позицијата - МИА
Вести

Ивановска: Ќе бараме од новите пратеници да донесат Закон за потекло на имотот

– Не секогаш оној кој се стекнува со имот, го става имотот на свое име. Ќе бараме од новите пратеници да донесат Закон за потекло на имотот, изјави претседателката на Државната комисија за спречување на […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*