Договорот конечно е постигнат по неколку средби, Хулен Лопетеги ќе биде тренер на Вест Хем, пренесуваат англиските медиуми.
Пред еден месец беше познато дека шпанскиот стручњак преговара со клубот од Лондон, но договорот не беше постигнат уште во првиот обид, па следуваа уште две средби.
Се уште не е познато за колку долго ќе биде потпишан договорот, но во медиумите се шпекулира дека ќе биде на две или три години.
Вест Хем моментално е на деветтото место во Премиер лигата со кое не може да се задоволи, а кога почна да бележи лоши резултати стана јасно дека менаџерот Дејвид Мојс ќе добие отказ, па почнаа шпекулациите за неговиот наследник.
Што се однесува до Лопетеги, тој досега работеше како тренер на Севиља, Реал Мадрид, Вулверхемптон, но беше селектор и на шпанската репрезентација.