Хрватска во паника, „позитивниот“ Вида го прегрнал Модриќ (фото)


Хрватскиот фудбалер Домагој Вида на синоќешниот пријетелски дуел против Турција одигра едно полувреме, а во текот на мечот стигнала веста дека е позитивен на коронавирусот.



„Коцкастите“ се сега во паника затоа што Вида бил во директен контакт со соиграчите од репрезентацијата, а со најдобриот играч на Хрватска, Лука Модриќ се фотографирал прегрнат и фотката се најде на Инстаграм.

Загрижени се и во турската репрезентација затоа што пред мечот, Вида се прегрнал и со соиграчите од Бешикташ, Дорук Токуз и Чанер Еркин. Вида срдечно се поздравил и со турскиот селектор, Шенол Ѓунеш.

View this post on Instagram

 

Abiii #cometobesiktas 🦅😁😅🤣

A post shared by Domagoj Vida (@domagojvida) on Nov 11, 2020 at 1:12am PST