Foto/ EPA
Репрезентацијата на Хрватска славеше во Рига протв Летонија (0:2) во седмотo коло, во групата Д, за пласман на ЕУРО 2024.
Со оваа победа избраниците на Златко Далиќ се искачина на второто место во групата со 13 бода, додека Летонија е последна со три бода.
На Хрватска и е потребна победа во последното коло, на домашен терен протов Ерменија за да се квалификува на ЕП.
Хрватска, охрабрена од добрите вести што ги доби од Ереван каде Ерменија и Велс ремизираа (1:1), започна агресивно и ранот ги реши сите дилеми околу конечниот победник.
Првиот гол по само седум минути го постигна Ловро Мајер, а девет минути подоцна тој му асистираше на Андреј Крамариќ за вториот гол на Хрватска.