Хамилтон повторно на врвот по враќањетона Формула 1


Хамилтон повторно на врвот по враќањетона Формула 1 - МИА

Шпилберг, 3 јули 2020 () – Формула 1 се врати и резултатот е ист. Луис Хамилтон беше најбрз во првата слободна тренинг сесија пред Австриското Гран При во недела.

215 дена откако Британецот ја премина финалната права во Абу Даби и ја крена титулата, новата сезона започна пред празни трибини на „Ред Бул Ринг“ и строги правила поради пандемијата од Ковид 19.

Веќе насликани црно и испраќајќи порака против расизмот и дискриминацијата, автомобилите на Мерцедес беа пред сите, со Хамилтон пред неговиот тимски колега Валтери Ботас за 3 десетини.

Макс Верстапен со Ред Бул, кој победи на претходните 2 трки тука и се очекува да биде голем конкурент на Мерцедес и сега, остана трет, 6 десетинки од времето на Луис, откако се заврти на кривината бр.1.

Карлос Сајнц и Ландо Норис му донесоа ветувачко 4-то и 6-то место на Мекларен, додека меѓу нив се најде Серхио Перез со Рејсинг Поинт.

Ферари даде само 10-то и 12-то време, но Себастијан Фетел и Шарл Луклер работеа со потешки гуми и фокусот на тимот беше далеку од брзината.

Вториот тренинг е подоцна денес.


Над девет милиони во светот оздравени од Ковид-19 - МИА
Вести

Нови 155 случаи со Ковид-19, двајца починати, оздравени 127 пациенти

Скопје, 7 јули 2020 () – Во последните 24 часа се направени 1 845 тестирања и се регистрирани 155 нови случаи на Ковид-19. Починале две лица, а оздравеле 127 пациенти, соопшти попладнево Министерството за здравство. Од […]

ССМ: Социјалниот дијалог дава резултати, потребата од Синдикатот и колективните договори се потврдува во најтешките моменти - МИА
Бизнис

ССМ: Одлуката за поскапување на струјата е избрзана

Скопје, 7 август 2020 () – Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) смета дека одлуката за зголемување на цената на струјата е избрзана и зголемување ќе падне на товар на граѓаните. – Сојузот на синдикатите […]

Ивановска за МИА: Законот во ниту еден случај, ниту во вонредна состојба не ги ослободува од одговорност лицата кои ја злоупотребиле позицијата - МИА
Вести

Ивановска: Ќе бараме од новите пратеници да донесат Закон за потекло на имотот

– Не секогаш оној кој се стекнува со имот, го става имотот на свое име. Ќе бараме од новите пратеници да донесат Закон за потекло на имотот, изјави претседателката на Државната комисија за спречување на […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*