Хакими позитивен на корона, го пропушта дуелот со Борусија


Хакими позитивен на корона, го пропушта дуелот со Борусија - МИА

Милано, 21 октомври 2020 () – Дефанзивецот на италијански Интер, Ашраф Хакими (21) е позитивен на коронавирусот и ќе го пропушти вечерашниот натпревар од Лигата на шампионите против Борусија Моенхенгладбах, објави италијанскиот клуб.



Младиот Мароканец беше позитивен во последната рунда на тестирање пред денешниот натпревар.

„Хакими нема никакви симптоми и следните 10 дена ќе ги помине во самоизолација”, соопштија од Интер.

Според италијанските медиуми, Алесандро Бастони и Раџа Наинголан се опоравиле од коронавирусот, додека Ешли Јанг, Роберто Гаљардини, Јонут Раду и Милан Шкриниар се уште се позитивни.

Натпреварот помеѓу Интер и Борусија Моенхенгладбах е закажан за вечерва на „Меаца“, а во вториот натпревар од групата „Б“ ќе се сретнат Реал Мадрид и Шахтјор.