Хајнкес: Пандемијата го покажа лошиот развој на фудбалот и заедницата


Хајнкес: Пандемијата го покажа лошиот развој на фудбалот и заедницата - МИА

Минхен, 3 мај 2020 () – Легендарниот германски тренер Јуп Хајнкес изјави дека избувнувањето на пандемијата од коронавирус откриле непожелни случувања во фудбалот и пошироката јавност во последните години.

Тој за весникот „Велт“ изјави дека себичноста е поставена над вредностите како што се кохезија, хуманост и солидарност.

– Треба повторно да ги изостриме сетилата за луѓето кои не се справуваат толку добро во општеството, во фудбалот, вели Хајнкес.

Гледајќи кон фудбалот и кризата, која може да зафати многу клубови, Германецот ги поддржа луѓето што повикуваат на поголема скромност.

– Важно е да се бара начин за поголема нормалност во фудбалот. Износите за трансфери и плати треба да се намалат и повторно да се сведат на нормално ниво. Во еден момент, парите станаа неморални, рече искусниот тренер.

Хајнкес (74) е поранешен германски репрезентативец, кој ја освои Лигата на шампионите со Реал Мадрид и Баерн Минхен. Тој беше на кормилото на Баварците три периоди, достигнувајќи го врвот во 2013 година кога освои „требл“.

Бундеслигата е запрена од средината на март поради пандемијата, но клубовите се надеваат дека ќе го нормализираат процесот на тренинзи подоцна овој месец, чекајќи потврда од владата.


Вести

Почина Амди Бајрам, лидерот на Сојузот на Роми

Лидерот на Сојузот на Роми, Амди Бајрам утрово почина на 64-годишна возраст. Информацијата за МИА ја потврдија од Сојузот на Роми. Дел од медиумите јавија дека тој починал во приватна клиника. Бајрам имаше проблеми со […]

141 новозаразени од Ковид-19, почина пациент од Скопје
Вести

Активни 6.861 случаи на заразени со коронавирус во земјата

Во моментов бројот на активни случаи со коронавирус во земјата изнесува 6.861 лице, откако вчера потврдени 518 новозаразени, 200 оздравени и 9 починати лица. Најмногу активни случаи на заразени има во Скопје (3.320), Струмица (394) […]

Вести

Интензивирање на комуникацијата за надминување на недоразбирањата со Софија

– Интезивирана комуникација со Софија деновиве за изнаоѓање решение за спорот со Бугарија, по испраќањето на бугарскиот појаснувачки меморандум до земјите-членки на Европската Унија, во кој се оспоруваат македонскиот јазик и македонската нација. Премиерот Зоран […]