Гвардиола против Јанг Бојс урна личен рекорд

Гвардиола-против-Јанг-Бојс-урна-личен-рекорд.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола би можел да испише историја на Лигата на шампионите и да продолжи да руши рекорди.


Неговиот тим нема пораз од почетокот на минатата сезона во Лигата на шампионите.

Победата над Јанг Бојс беше негова 17. во низа на клупата на „граѓаните“, а доколку продолжи вака може да постави нова најдолга серија.

Сити нема пораз од 6 септември минатата година во елитното натпреварување.

Со победата над швајцарскиот тим, Гвардиола го надмина личниот рекорд од времето во Барселона, кога забележа 16 последователни победи.

Доколку ја продолжи оваа серија сега со Сити, би можел да го престигне легендарниот Сер Алекс Фергусон, кој е апсолутен рекордер со 25 натпревари без пораз во Лигата на шампионите.

За да го постигне овој подвиг, тој би морал да го брани европскиот трон оваа сезона.

Најдолги серии:

25 – Алекс Фергусон (Манчестер јунајтед, 19.09.2007 – 5.5.2009)
19 – Отмар Хицфелд (Баерн, 14.03.2001 – 04.02.2002)
19 – Луј ван Гал (Ајакс, 14.09.1994 – 3.6.1996)
17 – Пеп Гвардиола (Манчестер сити, 06.09.2022).

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK