Гвардиола остана без напаѓачи


Братот на Гвардиола откри каков сон има тој во својата професија - МИА

Манчестер, 26 септември 2020 () – Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола загуби уште еден клучен играч откако стана јасно дека Габриел Жесус исто така е повреден и нема да игра најмалку 3 недели. Бразилецот се повреди на натпреварот против Вулверхемптон претходно оваа недела.

Веста за повредата на Хесус пристигна од Бразилската фудбалска федерација, која објави дека напаѓачот нема да биде достапен за натпреварите на Селесао против Боливија и Перу на 9 и 13 октомври. Отсуството на Хесус значи дека Гвардиола останува без централен напаѓач најмалку три натпревари – во Премиер лигата против Лестер и Лидс Јунајтед и пресметка против Барнли во Карабао Купот.

Причината е што другиот главен стрелец во тимот на „граѓаните“ Серхио Агуеро се опоравува од повредата на коленото. Аргентинскиот голгетер се очекува да биде подготвен за игра најрано за 7 недели.

Така, единствениот чист централен напаѓач во тимот останува Лиам Делап. Во текот на неделата ирскиот фудбалер го започна својот прв професионален натпревар за „граѓаните“ против Борнемаут за Карабао купот и дури даде гол.

Пеп Гвардиола се очекува да игра против Лестер во недела со лажна „деветка“, а најверојатно во оваа улога ќе биде Рахим Стирлинг.


Втор ден собраниска расправа за заменици на министри во Владата - МИА
Вести

Поднесени амандмани на измените на Законот за заштита од заразни болести

– Пратеници од власта и од опозицијата поднесоа амандамни на измените и дополнувањето на Законот за заштита на населението од заразни болести, што започнаа да се разгледуваат на матичната Комисија за здравство. Амандмани имаат поднесено […]

Вести

Објавени конкурсите за ученички стипендии, воведени нови категории за техничките струки

– Министерството за образование и наука (МОН) информира дека од вчера започна аплицирањето за стекнување на правото на ученичка стипендија во учебната 2020/2021 година. Конкурсите се објавени на интернет страницата на МОН, а крајниот рок […]

Вести

Загадувањето во Скопје над дозволеното, вечерните и ноќните часови најкритични

– Ноќните часови за жителите на Скопје се ризични за излегување надвор поради загадениот воздух кој го регистрираат мерните станици на Министерството за животна средина. Но, над дозволеното се и среднодневните концетрации на ПМ 10 […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*