Гризман: Атлетико е Арагонес

Гризман-Атлетико-е-Арагонес.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Антоан Гризман изјави дека му е чест што рекордот по бројот на постигнати голови во дресот на „јорганџиите“ го дели со легендарниот Луис Арагонес.


Гризман на синоќешниот натпревар против Хетафе (3:3) постигна два гола за својот тим во 18. коло од Ла Лига.

Тој постигна 173 гола во сите натпреварувања за Атлетико и го изедначи рекордот на Луис Арагонес како најдобар стрелец во клуската историја.

„Ова е посебна ноќ со многу емоции и гордост, но јас никогаш нема да бидам легенда на Атлетико како Арагонес. Атлетико е Арагонес, овој клуб се неговите фрази, неговата филозофија, неговата работа…Голем чест е да се дели овој рекорд со него“, изјави Гризман.

Арагонес играше за Атлетико од 1964 до 1974 година и за тоа време постигна 173 гола. Човекот кој на Шпанија и ја донесе европската титула во 2008 година почина на 1 февруари 2014 година.

Гризман (32) играше за Атлетико од 2014 до 2019 година, а во клубот се врати во 2021 година.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK