Македонскиот прволигаш Гостивар доведе уште едно странско засилување. Се работи за Ијаји Атиемвен, 27-годишен офанзивец кој доаѓа од Шериф Тираспол за кој одигра 15 натпревари и постигна три гола.
Напаѓачот во минатото играше и за Динамо Загреб, Локомотива, Омонија, Манисаспор…
Атиемвен треба да биде големо засилување за нападот на Гостивар. Тимот во минатото коло стигна до првата победа во Првата фудбалска лига откако го победи Работнички со 2:0.