Големи казни ќе се изрекуваат во Премиер лигата поради кршење на мерките


Намалувањето на платите во Англија ќе удри на здравствениот систем - МИА

Лондон, 7 јуни 2020 () – Се очекува шефовите на Премиер лигата да бидат овластени да изрекуваат огромни казни за сите играчи кои си дозволуваат да ги прекршат безбедносните мерки. Вклучувајќи, одземање на поени.

Официјалните претставници на Лигата сакаат да спречат какви било опасности што би можеле да спречат продолжување на првенството. Според „Сан“, казните за играчите кои ги кршат мерките за изолација ќе бидат во размер до 200 илјади фунти.

Според информациите, повторените прекршувања би довеле до парична казна од двојно поголема сума на пари, додека серија прекршувања во еден клуб можат да бидат санкционирани дури и со одземање на поени.

Овие драстични мерки ќе бидат преземени откако голем број sвезди во Премиер Лигата се фатени на дело во последните неколку недели.


На работа се враќаат само родителите чии деца одат на училиште, но не и оние кои имаат деца во градинка - МИА
Вести

На работа се враќаат само родителите чии деца одат на училиште, но не и оние кои имаат деца во градинка

Скопје, 9 јули 2020 () – Министерот за здравство Венко Филипче денеска појасни за кои вработени се однесува уредбата со која на работа треба да се вратат родителите кои имаат деца до 10-годишна возраст. Во […]

Изборите ќе ги следат над 2.000 домашни и странски набљудувачи - МИА
Вести

Изборите ќе ги следат над 2.000 домашни и странски набљудувачи

Скопје, 9 јули 2020 () – Предвремените парламентарни избори во Северна Македонија ќе ги следат над 2.000 домашни и странски набљудувачи. Според роковникот на ДИК, денеска е последен ден до кога домашните и меѓународните набљудувачи […]

На гласање задолжително со маска и со двојна дезинфекција - МИА
Вести

На гласање задолжително со маска и со двојна дезинфекција

Скопје, 9 јули 2020 () – Гласањето на претстојните избори, и покрај актуелната пандемија на Ковид-19, ќе биде безбедно за граѓаните кои ќе решат да го остварат своето избирачко право, тврдат надлежните. Ќе се гласа […]