Голеада на „Олд Трафорд“, Јунајтед го потопи Лидс на Алиоски




 

Убедлива победа на Манчестер Јунајтед на својот стадион против екипата на Лидс Јунајтед во 14-тото коло од Премиерлигата. Пулените на Оле Гунар Солскјаер ги здробија соперниците со високи 6-2.

Од првата минута на теренот во тимот на Марсело Биелса се најде и македонскиот репрезентативец, Езџан Алиоски. Мечот започна фуриозно. Во главната улога беше Шкотланѓанецот Скот Мектоминеј. За помалку од 3 минута, веќе двапати се запиша во листата на стрелците за комотни 2-0 за „ѓаволите“.

Уште не беа свесни што ги снашло, фудбалерите на Лидс примија и трет гол. Стрелец Бруно Фернандеш во 20 минута. Да биде ситуацијата уште полоша за Биелса, Алиоски и другари се погрижи Линделоф во 37 минута, за 4-0.

Зрак надеж за гостите донесе голот на Купер, во 42 минута.

И второто полувреме помина во ист ритам, Јунајтед беше екипата која доминираше. Се играше 66 минута кога Џејмс ја сголеми предноста на својот тим на 5-1. Само 4 минути подоцна Манчестер доби пенал. Сигурен реализатор за 6-1 беше Бруно Фернандеш.

Но возбудувањата на „Олд Трафорд“ тука не застанаа. Гостите повторно се заканија и намалија на 6-2. Стјуарт Далас стрела прецизно во 73 минута, на додавање на Рафиња.

По 13 кола (Јунајтед има меч помалку) „ѓаволите“ се на третата позиција со 26 бода, пред Евертон кој е четврти, со еден гол послаба гол разлика. Лидс останува 14-ти, една позиција на табелата на лондонски Арсенал.