Голден Арт КЛ 7 со две кадровски засилувања во стручниот штаб


Голден Арт КЛ 7 со две кадровски засилувања во стручниот штаб - МИА

Скопје, 24 мај 2020 () – Во стручниот штаб на ракометниот клуб Голден Арт КЛ7 влегуваат две имиња кои имаат искуство како се станува европски шампион. Станува збор за Димитар Маневски и Билјана Црвенкоска. И двајцата се со големо искуство секој во своето поле на дејствување.

– Маневски е дипломиран стручен физиотерапевт со специјалност кинезитерапија. Својата работа официјално ја започнува во фудбалски клубови продолжувајќи во ракометот. Најдобар во својата работа, потврда за ова се двете европски титули како и сите освоени медали на домашна и меѓународна сцена.

Билјана Црвенкоска ја има највисоката македонска тренерска лиценца, професор е по физичка активност, спорт и фитнес администрација/ менаџмент. Силен професионалец кој има сестрана спортска едукација со најголем акцент на ракометот. Нејзиниот ангажман во Голден Арт КЛ7 ќе биде главен тренер на младинска и кадетска екипа како и помошник тренер на Андов Бошковски во првиот тим, соопшптија од прес-службата на новиот суперлигаш.

За засилување на стручниот тим, спортскиот директор на Голден Арт КЛ7 Милчо Чакарески изјави:

– Голден Арт КЛ 7, во пресрет на новата натпреварувачка сезона и предизвикот наречен Супер Лига, согласно своите стратегиски и развојни концепции темелени на сериозноста на своите инвестициски партнери, а пред се застапувајќи го брендот КЛ7 и неговата големина во светски рамки градејќи го тимот за сезоната 2020/21 како прв преземен чекор е јакнењето на стручниот штаб со два европски шампиони.


Различни ветувања од партиите, во фокусот младите и економијата - МИА
Вести

Различни ветувања од партиите, во фокусот младите и економијата

Скопје, 6 јули 2020 () – Правда за сите, администрација по европски стандарди, сигурност, просперитет, борба против корупцијата и криминалот, обнова на правосудството, подобар живот за младите, реформи во образованието, ова синоќа им го ветија […]

Бројот на починати од коронавирус во САД надмина 50.000 - МИА
Вести

Во континуитет висок број на починати од Ковид-19, досега 341 смртен случај

Скопје, 6 јули 2020 () – Седум починати од Ковид-19 се регистрирани вчера, со што вкупната бројка на смртни случаи од почетокот на епидемијата е 341. Пет од нив се од Скопје, еден од Тетово […]

Потврдени 103 нови случаи со Ковид-19, починати пет, оздравени 13 пациенти - МИА
Вести

Регистрирани 115 нови случаи на КОВИД-19 и седум починати

Скопје, 5 јули 2020 () – Во последните 24 часа се направени 1032 тестирања, а регистрирани се 115 нови случаи на Ковид-19, во Скопје-53, Куманово-4, Дебар-6, Штип-3, Прилеп-6, Тетово-8, Струга-13, Велес-1, Охрид-8, Гостивар-5, Пробиштип-1, Свети […]