Главните тренери нема да можат да присуствуваат на тренинзите по отворањето на салите во НБА


Трамп изрази надеж дека навивачите ќе се вратат на натпреварите до август или септември - МИА

Вашингтон, 7 мај 2020 () – НБА лигата планира да им овозможи на тимовите да ги отворат своите центри за обука за индивидуални трнеинзи на 8 мај.

Според „ЕСПН“, тимовите ќе можат да назначат шестмина асистенти или тренери за развој на играчи за да обезбедат обука.
Според изворот, наглавните тренери на клубот нема да им биде дозволено да учествуваат или да ги набљудуваат тренинзите.

За утре е закажана видео конференција со сите кошаркари во лигата. Домаќин на конференцијата ќе биде комесарот на лигата Адам Силвер и директорот на Унијата на играчи Мишел Робертс.

Датумот на конференцијата (8 мај) се совпаѓа со денот кога НБА лигата ќе им овозможи на тимовите да ги отворат клупски капацитети за индивидуално тренирање.

Се претпоставува дека за време на конференцијата кошаркарите ќе можат да ги постават сите нивни прашања.


Здравствените власти апелираат пациентите да кажуваат точни податоци и да се почитуваат препораките - МИА
Вести

Од новите 165 случаи на КОВИД-19, 71 заразен во Скопје

Скопје, 3 јули 2020 () – Од регистрираните нови 165 случаи на КОВИД-19 во државата, согласно денешните податоци на Институтот за јавно здравје, најголемиот број, 71, се од Скопје. Според статистиката на Министерството за здравство, […]

Британски експерт смета дека коронавирусот ќе циркулира најмалку до 2021 година - МИА
Вести

Нови 165 случаи на Ковид – 19, седум починати, 128 оздравени

Скопје, 3 јули 2020 () – Во последните 24 часа се направени 1.454 тестирања, а регистрирани се 165 нови случаи на КОВИД-19 од кои во Скопје-71, Куманово-15, Дебар-1, Штип-10, Прилеп-5, Тетово-20, Струга-3, Велес-1, Битола-3, Охрид-10, […]

Излез од државата само со потпишана изјава, за влез неопходен корона тест - МИА
Вести

Границите со Србија и Косово засега остануваат отворени

Скопје, 3 јули 2020 () – Владата нема добиено препорака од Комисијата за заразни болести, ниту има донесено одлука за затворање на границите со Србија и Косово, потврди денеска премиерот Оливер Спасовски. Во моментов останува […]