Ѓоковиќ загуби од 42. рекет на светот во четвртфиналето на турнирот во Виена


Ѓоковиќ ги повика врвните тенисери финансиски да ги поддржат колегите од од долниот дел на ранглистата - МИА

Виена, 30 октомври 2020 () – Првиот светски рекет, Србинот Новак Ѓоковиќ во четвртфиналето на турнирот во Виена загуби од Италијанецот Лоренцо Сонего со резултат 2:6, 1:6.


 

Средбата траеше 1 час и 10 минути. Ѓоковиќ направи три аса и направи три двојни грешки.
Во полуфиналето Сонего ќе се соочи со победникот од двојката Грегор Димитров (Бугарија) – Даниел Еванс (Велика Британија).

Наградниот фонд на турнирот во австрискиот главен град изнесува 1,4 милиони евра.