Ѓоковиќ: За мене беше важно да победам по она што се случи во Њујорк


Ѓоковиќ одговори на критиките за „Адрија тур“ - МИА

Рим, 16 септември 2020 () – Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер на светот, изјави дека му било важно да победи на почетокот на сезоната на земја по дисквалификацијата од УС Опен во Њујорк.

Денес, по еден час и 24 минути игра, Ѓоковиќ го совлада Салваторе Карузо со 6:3, 6:2, со што обезбеди пласман во третото коло на Мастерсот во Рим.

– После она што се случи во Њујорк, за мене беше многу важно да ја започнам сезоната на земја со победа и да се чувствувам добро на теренот. Имав добар и солиден ривал. Тој влезе во натпреварот со голема самодоверба, а јас бев малку несигурен поради она на УС Опен. Продолжив понатаму, имав добри тренинзи. Има работи на кои треба да работам, но во моментов сум многу задоволен, изјави Ѓоковиќ по мечот.

Негов следен ривал ќе биде српскиот тенисер Филип Крајиновиќ.

Мастерсот во Рим се игра за награден фонд од 3.465.045 евра.


Вести

Почина Амди Бајрам, лидерот на Сојузот на Роми

Лидерот на Сојузот на Роми, Амди Бајрам утрово почина на 64-годишна возраст. Информацијата за МИА ја потврдија од Сојузот на Роми. Дел од медиумите јавија дека тој починал во приватна клиника. Бајрам имаше проблеми со […]

141 новозаразени од Ковид-19, почина пациент од Скопје
Вести

Активни 6.861 случаи на заразени со коронавирус во земјата

Во моментов бројот на активни случаи со коронавирус во земјата изнесува 6.861 лице, откако вчера потврдени 518 новозаразени, 200 оздравени и 9 починати лица. Најмногу активни случаи на заразени има во Скопје (3.320), Струмица (394) […]

Вести

Интензивирање на комуникацијата за надминување на недоразбирањата со Софија

– Интезивирана комуникација со Софија деновиве за изнаоѓање решение за спорот со Бугарија, по испраќањето на бугарскиот појаснувачки меморандум до земјите-членки на Европската Унија, во кој се оспоруваат македонскиот јазик и македонската нација. Премиерот Зоран […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*