Ѓоковиќ побара „елиминација“ на линиските судии




Светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ вели дека потребата за воведување на електронски систем на одредување на падот на тениското топче, таканаречениот „Hawk-eye“ на турнирите на земја значи дека нема да има потреба за линиски судии на овие турнири.

Поради трагот кој топчето го остава на земјените подлоги, на овие турнири не се користи електронскиот систем како на турнирите на хардкорт и тревната подлога, и Ѓоковиќ смета дека нема потреба да се користат линиски судии, кои би биле заменети со автоматски систем.

„Со респект за  традицијата и за линиските судии, не гледам причина зошто сите турнири на светот не би биле како тој во Синсинати. Имаме доволно добра технологија поради која линиските судии не би морале да бидат на теренот. Технологијата е скапа, но предностите се големи. Со тоа би се намалиле и шансите да ми се повтори тоа што се случи во Њујорк“, вели Ѓоковиќ на Ролан Гарос.

Да потсетиме, Ѓоковиќ беше дисквалификуван од САД опен откако со топче удри линиска судијка во еден од најконтроверзните моменти на гренд слем турнирите оваа сезона.

Ѓоковиќ дисквалификуван од САД опен!