Ѓоковиќ: Организаторите на УС опен предлагаат драстични мерки


Ѓоковиќ ги повика врвните тенисери финансиски да ги поддржат колегите од од долниот дел на ранглистата - МИА

Белград, 5 јуни 2020 () – Првиот рекет на светот, Новак Ѓоковиќ раскажа како организаторите на УС Опен се подготвуваат за турнирот.

– Вчера разговарав на телефон со организаторите на некои турнири. Разговаравме за опциите за продолжување на сезоната, главно зборувајќи за УС опен. Грен слемот во Њујорк треба да започне кон крајот на август, но досега има неизвесност. Условите што тие сакаат да ги понудат се навистина невидени. Јас разбирам дека не треба да зборувам за тоа, но сепак. Ќе мора да живееме во хотел во близина на аеродромот, да не одиме никаде и да поминеме тестови за коронавирус 2-3 пати неделно, изјави српскиот тенисер.

Ѓоковиќ се пожали и на ограничениот број придружници на тенисерите.

– На територијата на клубот можеме да бидеме придружени само од едно лице, а тоа е едноставно незамисливо. Тие мора да земат предвид дека имаме тим, не само што ги носиме со нас. Во принцип, има многу проблеми. Сочувствувам на сите ограничувања, затоа што има финансиски причини, има договорни обврски, поради што организаторите ќе се обидат да го одржат овој турнир по секоја цена. Ајде да видиме како ќе течат работите, додаде Ѓоковиќ.


Здравствените власти апелираат пациентите да кажуваат точни податоци и да се почитуваат препораките - МИА
Вести

Од новите 165 случаи на КОВИД-19, 71 заразен во Скопје

Скопје, 3 јули 2020 () – Од регистрираните нови 165 случаи на КОВИД-19 во државата, согласно денешните податоци на Институтот за јавно здравје, најголемиот број, 71, се од Скопје. Според статистиката на Министерството за здравство, […]

Британски експерт смета дека коронавирусот ќе циркулира најмалку до 2021 година - МИА
Вести

Нови 165 случаи на Ковид – 19, седум починати, 128 оздравени

Скопје, 3 јули 2020 () – Во последните 24 часа се направени 1.454 тестирања, а регистрирани се 165 нови случаи на КОВИД-19 од кои во Скопје-71, Куманово-15, Дебар-1, Штип-10, Прилеп-5, Тетово-20, Струга-3, Велес-1, Битола-3, Охрид-10, […]

Излез од државата само со потпишана изјава, за влез неопходен корона тест - МИА
Вести

Границите со Србија и Косово засега остануваат отворени

Скопје, 3 јули 2020 () – Владата нема добиено препорака од Комисијата за заразни болести, ниту има донесено одлука за затворање на границите со Србија и Косово, потврди денеска премиерот Оливер Спасовски. Во моментов останува […]