Новак Ѓоковиќ ќе ја започне сезоната со егзибицијски меч против Карлос Алказар во Ријад, главниот град на Саудиска Арабија. Натпреварот е закажан за 16:45 часот по средно-европско време.
Доаѓањето на најдобриот тенисер на денешницата предизвика големо внимание во Саудиска Арабија. Сопственикот на 24 грен слем титули одговори на многу прашања, а меѓудругото и до кога планиа да игра.
„Чувството е одлично и верувам дека ќе играм барем до 40 години, а можеби и после тоа. Ќе видиме“, изјави официјалниот најдобар спортист на Европа во 2023 година.
Ѓоковиќ откри дека пример за него е Том Брејди најтрофејниот во НФЛ историјата.
„Том Брејди е пример за некој кој имал долга и успешна кариера. Помина многу часови грижејќи се за себе и своето тело, тоа му овозможи да биде на теренот и на 45 години. Го познавам лично и се трудам да учам од него“.
Новак од Ријад оди во Перт, каде ќе учествува на Јунајтед купот, а од 14 јануари ќе ја брани титулата на Австралија опен, првиот Грен слем во сезоната.