Ѓоковиќ доби признание за промоција на интересите на Србија во светот


Ѓоковиќ доби признание за промоција на интересите на Србија во светот - МИА

Белград, 29 мај 2020 () – Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, одбележувајќи го Денот на дипломатијата, му врачи на тенисерот Новак Ѓоковиќ признание за исклучителен личен ангажман и придонес во унапредувањето на интересите на Србија и нејзините граѓани во светот, соопштија од српското МНР.

Како што јави дописникот на од Белград, Дачиќ му оддаде признание на Новак Ѓоковиќ за целокупниот придонес во дипломатијата, доделувајќи му ја наградата за исклучителен личен ангажман и придонес во унапредувањето на интересите на Република Србија.

– Согласно веќе воспоставената практика, денеска ќе доделиме повелби за извонреден личен ангажман и придонес во промовирање на интересите на нашата земја и нејзините граѓани во светот. Оваа година, имам голема чест да му доделам признание на нашиот славен тенисер и жива легенда Новак Ѓоковиќ, кој е доказ дека спортистите се можеби најдобрите амбасадори на нашата земја во светот, како и на Драган Тодоровиќ, кариерен дипломат и еден од најдобрите амбасадори во нашата дипломатска служба, кажа Дачиќ.


Партиите не отстапуваат од средби со граѓаните, но ветуваат почитување на мерките - МИА
Вести

Предизборната кампања на средина, се вжештува реториката

– Предизборната кампања за предвремените парламентарни избори на 15 јули е на средина, а партиите ја вжештуваат дебатата за економијата, правната држава и корупцијата. Партиите своите изборни програми и денеска ќе ги претстават на средби […]

Засега нема препорака за затворање на границите со Србија и со Косово - МИА
Вести

Засега нема препорака за затворање на границите со Србија и со Косово

Скопје, 4 јули 2020 () – Засега нема препорака од Комисијата за заразни болести ниту пак одлука за затворање на границите со Србија и со Косово, потврди вчера премиерот Оливер Спасовски и истакна дека во […]

Бројот на заболени од Ковид-19 и натаму висок, повторно се апелира на почитување на мерките за заштита - МИА
Вести

Бројот на заболени од Ковид-19 и натаму висок, повторно се апелира на почитување на мерките за заштита

Скопје, 4 јули 2020 () – Бројот на заразени со коронавирус во државава и натаму е висок. Според вчера објавените податоци, нови 165 случаи со Ковид-19, седум починати и 128 оздравени се регистрирани во државава. […]