Германецот Бах единствен кандидат за претседател на МОК


Германецот Бах единствен кандидат за претседател на МОК - МИА

Лозана, 1 декември, () – Германецот Томас Бах, кој претседава со Меѓународниот олимписки комитет (МОК) од 2013 година, ќе биде единствениот кандидат, кој следниот март ќе се бори за втор мандат, соопшти денеска МОК по затворањето на пријавите.



Олимписки првак во мечување од Олимписките игри 1976 во Монтреал и адвокат по професија, Бах ќе бара реизбор на уште четири години, на 137. Собрание на МОК, кое треба да се одржи од 10 до 12 март 2021 година во Атина.

За Бах тоа ќе биде втор и последен осумгодишен мандат, бидејќи Статусот на МОК предвидува право на само еден реизбор. ег/