Гатузо се откажа од дел од својата плата за Наполи да го купи Осимен


Гатузо ќе остане во Наполи уште една сезона - МИА

Неапол, 15 јули 2020 () – Тренерот на Наполи, Џенаро Гатузо, доброволно ќе добива помала плата за да му помогне на клубот да го купи напаѓач Виктор Осимен од Лил, објави „The State Of Play“.



Италијанските медиуми веќе пишуваат дека клубот се договорил со 21-годишниот Нигериец за личните услови во договорот до јуни 2025 година. Останува уште да се усогласат деталите за трансферот со францускиот клуб.

Осимен има 18 голови и 6 асистенции на 38 натпревари за Лил во сезоната 2019/20. Порталот Transfermarkt.com ја проценува вредноста на играчот на 27 милиони фунти.