Гасперини по пеналите досудени за Јуве: Дали играчите треба да си ги отсечат рацете?


Гасперини: Целта на Аталанта е да заврши во првите четири и повторно да игра во Лигата на шампионите - МИА

Торино, 12 јули 2020 () – Аталаната синоќа не успеа да победи на гостувањето кај Јувентус, кој на два пати го изедначуваше резултатот од пенал.

Тренерот на тимот од Бергамо, Џанпјеро Гасперини е незадоволен од судиските одлуки.

– Пеналите се многу строго досудени, особено во италијанскиот шампионат. Дали играчите треба да ги отсечат рацете? Ова не е прва ваква казна што ја видовме во една сезона, имаше многу работи со различни тимови. Ова е лудо, а толкувањето на правилата овде не е исто како во другите земји. Нема такви казни за случајно играње со рака во било која ситуација. Не верувам дека постои слично толкување во друга земја, изјави Гасперини.

Тоа беше одличен настап против лидерот на првенството. Им кажав на момците да го третираат овој натпревар како натпревар во Лигата на шампионите, затоа што во август ќе се сретнеме со екипи од ова ниво. Задоволен сум од настапот и многу разочаран што не победивме, потенцира италијанскиот стручњак.

 


Нови 29 позитивни на КОВИД-19 од 349 тестирања во изминатите 24 часа - МИА
Вести

Нови 166 случаи со Ковид-19, четворица починати, 185 оздравени пациенти

Скопје, 2 август 2020 () – Во последните 24 часа се направени 1.419 тестирања, а регистрирани се 166 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-47, Куманово-17, Дебар-1, Штип-23, Тетово-12, Струга-7, Битола-1, Охрид-3, Кавадарци-9, Гостивар-15, Гевгелија-1, Струмица-1, […]

Вести

Ден на Републиката – чествувања со протоколи и без масовни собири

– Денот на Републиката 2 Август, на кој се празнуваат двата историски Илиндена, 117 години од Илинденското востание и 76 години од Првото заседание на АСНОМ,  поради епидемијата ќе се чествуваат без масовни собири и […]

Викендите предизвикуваат раст на бројот на новозаразени од Ковид-19 - МИА
Вести

Бројот на новозаболени под 10 отсто, се бара почитување на протоколите на плажите и на базените

Скопје, 2 август 2020 () – Бројот на новозаразени лица од Ковид -19 падна под 10 отсто. Според последниот здравствен билтен на Министерството за здравство, во последните 24  часа од направени 1621 тестови регистрирани се […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*