Галатасарај ќе се натпреварува со Интер и Фиорентина за Манџукиќ



Манџукиќ на чекор од враќање во Италија - МИА

Истанбул, 25 јули 2020 () – Турскиот фудбалски великан, Галатасарај сака да го доведе во своите редови напаѓачот Марио Манџукиќ.


 

Галатасарај во 34-годишниот Хрват гледа замена за Радамел Фалкао, кој може да го напушти Истанбул ова лето.

Претходно беше објавено дека Фиорентина е фаворит во борбата за Манџукиќ. Поранешниот партнер на напаѓачот во Баерн Минхен, Франк Рибери му понуди на Хрватот да му се придружи во клубот во Фиренца.

Исто така меѓу кандидатите за Манџукиќ е и Интер. Во Милано се подготвени да го ангажираат Манџукиќ како замена за Ромелу Лукаку.

Манџукиќ играше за Јувентус од 2015 година, а на почетокот на 2020 година се пресели во катарскиот Ал-Духаил, каде не можеше целосно да се докаже. Вице-шампион на светот во 2018 година постигна само еден гол на седум натпревари и го раскина договорот со катарскиот клуб.