Фулам, конечно, дадоа гол од пенал и ги шокираа Лестер!



 

Фулам откако имаа неверојатни три утнати пенали на стартот на премиерлигашката сезона 2020/21, конечно, погодија од белата точка за да стигнат до изненадувачка 2:1 победа кај Лестер, само втора во 2020.

Адемола Лукман прв ја стресе мрежата на Каспер Шмајхел во 30-тата минута од мечот, за осум минути подоцна да биде досуден пенал за Фулам, четврт во новата сезона, откако претходните три ги утнаа Лукман, Александар Митровиќ и Иван Кавалиеро. Но, Португалецот Кавалиеро повторно покажа храброст, застанувајќи на белата точка и постигнувајќи гол за 0:2.

По ова темпото на игра падна, и Лестер залудно се обидуваше да се пробие до голот на тимот на Скот Паркер, пред во 86. минута Џејми Варди да му асистира на младиот Харви Барнс за 1:2.

Со победата, Фулам излегува од зоната за испаѓање на 17. место со шест поени, додека Лестер остануваат четврти со 18 поени, сега три помалку од лидерите Тотенхем и Ливерпул.