Викарио нов голман на Тотенхем

vikario
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Чуварот на мрежата на калчолигашот Емполи, Гилермо Викарио, ја смени клупската средина и потпиша договор со премиерлигашот Тотенхем, вреден 18.6 милиони евра.

Викарио, како што јавија синоќа британските медиуми, ставил потпис на петгодишен договор и прв пат во кариерата ќе настапува надвор од родната Италија.


Претходно во кариерата италијанскиот голман настапуваше и за Удинезе, Каљари, Венеција и Перуџа.

На крајот на минатата година Викарио доби повик во италијанската репрезентација, но сè уште го чека својот дебитантски настап во националниот дрес.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK