Умтити се согласува да ја напушти Барса, но само во клуб од ЛШ или конкурентен за титулата


Умтити одбива да го напушти „Камп Ноу“ - МИА

Одбранбениот фудбалер Самуел Умтити наскоро може да ја напушти Барселона. Французинот се согласи да го напушти клубот, но постави услов: сака да се пресели во тим што учествува во Лигата на шампионите, или конкурентен за титулата во националното првенство, пренесува „Диарио Спорт“.


 

 

Поради ова, каталонскиот клуб с уште не успеа да го продаде 27-годишниот играч или да го даде на позајмица.

 

Во последните недели, Барса доби три предлози за Умтити, но тие не ги исполнија барањата на играчот.

 

Барселона се надева дека ќе може да го испрати Умтити во друг тим пред почетокот на шампионатот во Ла Лига.