УЕФА размислува за ЕУРО со 32 репрезентации


Задоволна од успешната организација на годинешното ЕУРО2020, Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) ја разгледува можноста за проширување на бројот на репрезентации на завршните турнири од сегашните 24 на 32.


 

Засега нема јасна временска рамка кога УЕФА би можела да донесе конечна одлука околу евентуално зелено светско за новиот проширен формат, но тоа би требало да се случи до крајот на 2023 година, кога треба да биде избран домаќинот на ЕУРО2028. Меѓу можните кандидати се споменуваат Русија, Турција и Италија.

Проширениот формат со 32 репрезентации на Европските првенства треба да го следи примерот на зголемувањето на бројот учесници на завршниот турнир на Светското првенство што првпат ќе биде применет во 2026 година, кога САД, Мексико и Канада ќе бидат домаќини на дури 48 репрезентации. Претходно, Мундијалот во Катар 2022 ќе биде последниот со 32 репрезентации.