УЕФА го суспендираше романскиот судија Колтеску


УЕФА нема планови да ги намали домаќините за ЕП 2020 - МИА

Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) го суспендираше денеска романскиот судија Себастијан Колтеску поради „непримерно однесување“ за време на натпреварот меѓу Пари Сен-Жермен (ПСЖ) и Башакшехир во рамки на Лигата на шампиони.


 

Мечот меѓу ПСЖ и Башакшехир, од осми декември лани, беше прекинат во 13 минута, откако помошникот тренер на турскиот тим Пјер Вебо го обвини четвртиот судија за расизам, потенцирајќи дека во комуникацијата со главниот судија го нарекол „овој црниот“. Вебо уште од самиот почеток на натпреварот дофрлуваше кон романските арбитри, по што четвртиот судија го пријави кај својот колега и побара негово отстранување од клупата.

Натпреварот беше доигран следниот ден со нова судиска четворка.

УЕФА на почетокот на февруари отвори истрага за случајот, а денеска му изрече суспензија на Колтеску до крајот на сезоната и му наложи на романскиот судија до 30 јуни да посетува едукативна програма.