УЕФА го објави идеалниот тим на ЕВРО 2020



 Европската фудбалска федерација го објави идеалниот тим на ЕВРО 2020.


 

Голман: Џанлуиџи Донарума (Италија).

Одбрана: Кајл Вокер (Англија), Леонардо Бонучи (Италија), Хари Мегваер (Англија), Леонардо Спинацола (Италија).

Среден ред: Пјер-Емил Хејберг (Данска), Жоржињо (Италија), Педри (Шпанија).

Напад: Федерико Киеза (Италија), Ромелу Лукаку (Белгија), Рахим Стерлинг (Англија).

Во финалето на Европското првенство, Италија ја победи Англија на пенали и по втор пат стана континентален шампион.