Тен Хаг останува на клупата на Ајакс до 2023 година


Холандскиот фудбалски великан Ајакс го продолжи договорот со тренерот Ерик тен Хаг до лето 2023 година.


 

Тен Хаг се поврзуваше како еден од главните кандидати за наследник на Жозе Мурињо на клупата на англискиот прволигаш Тотенхем, но клубот од Амстердам реагираше брзо за да ги запре сите шпекулации околу неговата иднина.

– Сакаме да работиме на проект за успешен Ајакс. Знам што можам да очекувам тука и ги познавам луѓето со кои работам. Среќен сум тука и сакам да направам нов исчекор со екипата, изјави Тен Хаг.

Холандскиот стратег е на клупата на Ајакс од сезоната 2017/18.

Ајакс сезонава веќе го освои холандскиот Куп, а на четири кола пред крајот на првенството има 12 бодови предност пред второпласираниот ПСВ и од шампионската титула го дели само еден бод.