Суарез потпиша со Атлетико Мадрид, Симеоне тргнува и по Кавани


Суарез потпиша со Атлетико Мадрид, Симеоне тргнува и по Кавани - МИА

Мадрид, 26 септември 2020 () – Луис Суарез официјално е играч на Атлетико Мадрид. Уругваецот, кој ја напушти Барселона со солзи во очите, откако беше несакан на „Камп Ноу“, потпиша договор со „јорганџиите“ на две години. Атлетико ќе биде шести клупски тим во кариерата на 33-годишниот напаѓач.

Барселона може да добие околу 6 милиони евра за Суарез, во случај да се активираат одредени клаузули, поврзани со настапот на Уругваецот на „Ванда Метрополитано“.

Суарез беше донесен на „Камп Ноу“ во 2014 година од Ливерпул. Одигра 283 натпревари за Каталонците, постигнувајќи 198 гола, со што стана трет најдобар стрелец во клупската историја.

Според информациите во Шпанија, Диего Симеоне ќе се обиде да го привлече Единсон Кавани и да формира уругвајски напаѓачки тандем.

 


Вести

Починаа 22 лица, регистрирани 561 новозаразени

Денеска се регистрирани 561 нови случаи на Ковид 19. Оздравени се 197 пациенти, а починати се 22 лица. Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1901 тестирања, а регистрирани се 561 […]

Вести

Договорот за добрососедство е основата за односите со Бугарија, порача власта, опозицијата бара од Заев став за Гоце Делчев и македонскиот јазик

– Историјата да им се остави на историчарите, а политиката на политичарите е повик, кој изминатите денови постојано се повторува од страна на државните функционери во земјава во однос на недоразбирањата кои настанаа на релација […]

Вести

Се пополнуваат болничките капацитети, Филипче најави зголемување на термините за тестирање

– Се пополнуваат болничките капацитетите за сместување на пациенти заболени од Ковид-19 во сите градови во земјава, а постепено се полни и модуларната болница во Скопје изминатите денови кога и кај нас и во Европа […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*