Способен да игра во Лигата на шампионите, тој замина во Саудиска Арабија на 26-годишна возраст

saint maximin
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Саудиска Арабија летово одзема уште еден познат играч од европскиот фудбал. Алан Сент Максимин ќе ги засили редовите на Ел Ахли, откако ги договори условите за неговото заминување од Њукасл.

Така ќе ја напушти Европа на само 26 години и ќе се пресели во Азија, во сезона во која би можел да игра во Лигата на шампионите.


Според британските медиуми, Сент Максимин ги завршил сите документи и лекарски прегледи пред трансферот во Ел Ахли, а наскоро и официјално ќе го потпише договорот. Како што пишува се работи за трансфер вреден околу 25.000.000 евра.

Њукасл минатата сезона беше четврти во Премиер лигата, па оваа сезона првпат по 20 години ќе игра во Лигата на шампионите. Сепак, Сент Максимин не можеше да одолее на богатата понуда на Саудијците.

Сент Максимин во својата кариера настапуваше за Сент Етјен, Монако, Хановер, Бастија и Ница, а во Њукасл е од 2019 година.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK