СП2022: Руси од Сибир допатуваа во Катар за да ја бодрат Србија


 Група Руси од Сибир допатуваа во Катар за да навиваат за репрезентацијата на Србија на вечерашниот натпревар од 1. Коло во групата Г на Светското првенство против Бразил.

 

 

Српските медиуми пренесуваат дека руските навивачи биле забележани во градското метро, носејќи качкети со српски обележја.

Дуелот меѓу Србија и петкратниот светски првак е на програмата вечерва од 20 часот на стадионот „Иконик“ во вториот по големина катарски град Лусаил.

Претходно денеска во рамки на истата групата, Швајцарија го совлада Камерун со 1-0.