СП2022: Јапонците го одушевија светот со хигиената

japonija_origami_4353543

 Сликите од соблекувалната и трибините кои Јапонците ги оставија во беспрекорна состојба, како што тоа го правеа и пред четири години во Русија, предизвикуваат восхит на социјалните мрежи и на ова Светско првенство во Катар, пишува францускиот весник Паризиен.

Осврнувајќи се на беспрекорната хигиена која зад себе ја оставаат јапонските фудбалери и навивачи, весникот истакнува дека тоа може да се објасни со културни и верски причини.

ФИФА објави на својот Твитер профил фотографија која сведочи за хигиената во јапонската соблекувална по дуелот против Германија на стадионот „Калифа“ во Доха.

-Би можеле слободно да јадеме од подот кој сјае без најмала тронка нечистотија. Столиците и клупите се беспрекорно чисти, внимателно здиплени пешкири на еден стол, понекое дискретно оригами и зборови благодарност, пренесува Паризиен, кој како и сите медиуми во Франција будно го следи Мундијалот во Катар на кој Триколорите ја бранат светската титула од пред четири години во Русија.

Facebook
Twitter
LinkedIn